25 January 2006

Зимски чуда

Првото чудо го снимив синоќа околу 25 часот и 30 минути (додека ги слушав оние будалите на Сити Радио). Рано не станувам за да ги фатам чудесијата на прозорците (а вечер слушам и парното не го исклучувале, значи нема шанса да ги фатам отсабајле, на поубава светлина), па го штракнав ова во ноќен режим на камерата.



Што е тоа? Папрат? Фрактал? Никако да се изначудам на Бог како математичар. Кога ни влезе првата 386-ка во куќата, што мислите, што правеше? Рендаше фракталчиња по цела ноќ :)

Во зимски чуда спаѓа и задолжителното седење дома и играњето игри во затворено. Еве еден резултат.


Така ќе ми изгледаше куќата да не ми беше готов проектот.

И да, третата слика е резултатот од летните игри, ама пак спаѓа во зимски (заради одложените резултати ;) )



Го обожавам ова студеното, штета што ќе помине за два-три дена.

4 comments:

Anonymous said...

Aleksandar, da ti e zivo i zdravo, veselo i vekoitno i da Bog dae da imas uste tri, cetiri decinja. Ti si vistinski srecen i ispolnet covek: "Nije bogat onaj ko ima ralo i volove (pari, po naski), vec kolevke (deca)"
Ne mozev da odoleam na ova Bozjo cudo i vistinski se raduvam na sekoja prinova - borec za podobar svet (vo najdobra duhovna smisla na nasata prekrasna Hristijanska pravoslavna vera)
Pozdrav od Hristodul :)

Клео said...

Благодарам, Христодул,

да ти се врати стократно - и благословот и радоста. :)

Драган Зајковски said...

Мајсторе, и јас да му посакам све најдобро. Многу здравје и среќа, и ако досега не си сработил, веднаш да се фатиш на работа да му обезбедиш друштво од братче или сестриче.

Да е живо и здраво.

Клео said...

Благодарам и Кибицер,

јес да Андријана досега има една голема дада и четири батковци, ама со жена ми не мислиме да се ограничуваме во тој поглед :) Да даде само Бог здравје.