Рецепт, не е за стипси што глумат дека се домаќини.
Што ти треба?
1. Глад. Најдобар зачин. Се става умерено, не повеќе од 5-6 саати, јас ставам 4.
2. Леб. Полубел со три рецки од Жито Лукс. Подобар леб немало (нит` е бел, нит` е интегрален, нит` е препечен, нит` е влажен, трае три дена минимум и не мувлосува, а како двопек е феноменален). Се сече на кришки дебели не повеќе од 10 мм. На граница на тенки. Се сече со добро наострен рецкав нож за леб.
3. Мајонез. Домашен, Томи, Витанез, не е битно. Важно е да е со јајца. Се мачка на ДОЛНОТО парче во тенок слој. Не многу тенок, не многу дебел. Никако не смее да се разлева кога ќе се загриза. Се мачка со лажица.
4. Печеница. Чадена на дрва. Домашна или од Тинекс (рефусот или од Лијановиќи, која е малку посолена). Две парчиња - нека ви ги исечкаат ако е од рефусот.
5. Сирење. Мешано од Здравје, Радово. Може и овчо полномасно. Две мали парчиња, одат врз двете парчиња печеница.
Врз сето тоа иде СУВОТО парче леб. Се пие со пиво или со вода - строго „комуналка“ локална.
Ми требаа 30 години да научам како се прави.
No comments:
Post a Comment