Денес, онака мазохистички, се расчитав македонски блогој на дајал-ап, пошто сум на зимување одонаде Крстот. Не ми се веруе!
Се распишале Македонциве навлечени на интернет, и тоа кој од кој пописмено. После некој ќе каже дека образованието не ни чинело. Од блогови на англиски можеш само да си го расипеш јазиков, од нашиве... правопис можеш да направиш :)
Ај да се уозбилам, шо би рекле у мое сеело (пардон, маало). Прво, именката „блог“ ја сретнав во исклучително негативна конотација. Се бунеа баговци, повлечени од американските плуежно-њујоршко-семитски интелектуалци, дека интернетот се задушил бидејќи секој Мурто со тастатура си пишуе дневник на интернет. Два дена после тоа, гледам брат ми отворил блог (и тоа не на блогер). [nota bene - не ставам линкови до наведените места на интернет затоа што сум некултурен и невоспитан, иако пазам на јазикот - а и затоа што тоа е непишана норма на блоговите, па анти-Норма (Џин - ака М.М., без тоник) длабоко во мене одбива да се потруди околу тоа)]. Тоа беше пред 10 месеци, така нешто.
ДОПОЛН: Јок, моја грешка. Какви десет месеци, тоа беше лани (т.е. преклани - 2004). Обидувајќи се да живеам во вечноста, заборавив на времето :) Или сум ја затурил и краткорочната и долгорочната меморија негде успут. Всушност - баш ме интересира дали некој памти онака, календарски. Таков човек, освен баба Мица, којашто е Гугл пред Гугл кога се однесува до поблиски и подалечни роднини и пријатели и познаници што ги сретнала барем една секунда во животот, не сум сретнал.
На крајот на октомври 2005 пукна бомбата со АДСЛ-от (има „риикеп“ на англиски малку подолу, кој разбира) па да не го задушувам блогот на ортаците од р-еволуција, склепав свој на истиот домаќин (и, нормално, уште не сум го поминал во ДримвИверот за да заличи на нешто). Значи, спаѓам во кошот блогер-прагматичар, ако сте по кошарката.
Пред две-три недели првпат купив Неделно Време и... што да видам! Геро, онака татковски, отворил цела страна за блогери (пошто наведените, ко секое нормално „пичлеме“, пардон мај френч, на љубов реагирале со плукање). Леееле фрка после тоа. Ене ги сеаа главнине сурати у Форум плус, иако блогерките веројатно би биле поинтересни за сликање (да, не само што сум мрзлив, туку сум и мушка шовинистичка свиња, сакам да гледам само убавини).
И, сега, зошто го пишувам ова? Па, две причини. Прво, ми се допаднаа неколку македонски блокчиња (искрено, поголем придонес за ширењето на македонската култура и уметност не сум видел У ЖИВОТ). Второ, ми се кристализира сопствено мислење за блоговите - ЈЕС! АЈ ЛАЈК ИТ! шо би рекол кумко Јанко. Кој пишува, треба да пишува. Така барем ќе развие стил, а богами ќе научи и троа македонЦки.
Трета од двете горенаведени причини е „блог у најава“ - има да ги експлоатирам ова бесплатниве сервери на блоггер до даска - за да го поделам она што ми излегува од преполното срце. Како ми тргна со ФрутиЛупсот, морам да поделам некоја емпетројка со светот. Сфе оупен сорс, оф корс. Само да најдам бесплатни дремеж-мегабајти (знам и кај да барам, нема гајле).
Е, толку за почеток на грегоријанска Н.Г. (добра беше старата, уште подобра ќе биде новата). Посно е сега, па сум краток ;) Ако некој не разбрал пола од напишаното - ич да не му е гајле, не е лузер. Појќе ќе биде дека не ми се објаснувало.
No comments:
Post a Comment