16 мај 2008

Чалгаџиска индоктринација - 2 продолжение

Немам ништо попаметно од музиката.

Комерцијална Банка во 2006-та издаде еден комплет ЦД-а со чалгиска музика што се делеше (делел - не ми го дале мене) како репрезентација. Не знам од каде ми е ова и кое е по ред, ама свирката на чалгискиот оркестар на МРТВ е одлична, а пеењето е повеќе од подносливо (има и бајаги бисери, искрено речено). Во секој случај, добро е за модално кодирање на ушите :)

100 мб зип чисто чалгаџиско уживање

14 октомври 2007

Чалгии - 4 епизода

Смотаните старци станаа Свирипиле оркестра и добија покана да свират на свадба.

Да се Славе и Ана вечни и долговечни, да изнародат еден куп деца и да си пеат по цел ден, како што им почна бракот...

Свирипиле, во состав Асен, Мите, Тихо и Клео, со гостување на Благица и Бранка и со фон од веселите гости на свадбата, во живо
- тука.
Почнува со Марино оро (двапати), Гајтан оро, па продолжува со 13-ка, По друм одам, Бог да бие Русе, Биљбиљ пее, Мори чупи костурчанки, Сокол ми лета високо, Ој јаворе, и завршува со „Петлето“ (наше име за орото чие име не го знаеме - ако го знае некој, нека каже). Фонија, детски гласови и џагор не недостига :)

10 јули 2007

Рецептура за чалгаџиска индоктринација

Посветено на сите „отуѓени“ резиденти на Р.Македонија и уште поотуѓената дијаспора.

Како да се остане свој денес, во време на културно порамнување и егализација? По што се разликувам „јас“ од некое друго „јас“ преку девет мори и девет гори, кога меѓумрежјево (интернет) го смали светот на монитор?

Не претендирајќи кон универзално решение, јас си го најдов чарето во музиката. Тука неприкосновено владее нејзиното величество различноста. А, фала Богу, македонската музика е богата, пребогата - вистински лек за секоја глобалистичка болка.

Кога ми се роди првото чедо, копајќи по светската ризница на знаења за одговор на прашањето како да се одгледа здраво и нормално дете, налетав на мислата на о. Серафим Роуз дека децата треба да се воспитуваат културно - учејќи ги за светските културни вредности и негувајќи им го слухот со класична музика (човекот живеел на Запад, тоа е највредното што можел да го најде). Тоа ме вдахнови да копам по нашето (македонско-византиско) музичко наследство, со кое бев благословен уште од мали нозе (трите-четири песни во 15 до 7, пред „Деновите пред години“ на радио пред да идам на школо). Бидејќи моите деца се лишени од таква индоктринација (не само што не слушаме радио толку многу, туку и не стануваат толку рано :), им склепав 3 цд-а колку да им се впише „кодот“ на модалната музика (наспроти хармонската, што преовладува во денешната популарна култура).

Оттогаш најдов многу едно- и истомисленици ширум светот и сметам дека е многу полезно чедата наши да ги подоиме со оставштината на предците - барем ушите да им бидат здрави :). Срце одгледано со убавина ќе остане во убавината цел живот.

Бујрумлари, македонска музика „за деца“ (нема „хитови“, само многу добри песни).

1 дел
2 дел
3 дел

21 јуни 2007

Една курдска + една турска чалгија

Мир меѓу луѓето :)

1. Саз и глас - Ајнур Доган, снимена во истанбулски амам.

Во филмот „Crossing the Bridge“ (кој го мрзи да клика - басистот на Ајнштурценде Нојбаутен шета по Истанбул и снима чалгаџии, Цигани, Курди, рапери, хардкорци, амбиенталци, улични свирачи и што уште не) уште подобро звучи, ова е испродуцирана верзија од ЦД-то.

Песната - „Ахмед, љубов моја - умрев за тебе“.

2. Селим Шеслер (турски ѓуптин) и Бренда МекКримон (да, бе, Иркиња пее севдалинки - кога ќе ми текне дека и Рос Дејли и Лори Андерсон се слични, ми доаѓа да ги прогласам Келтите за почесни Македонци)

Песната - „Под пенџере либе ми мине“ (слободен превод на насловот - остајте што вика насловот на емпетројката - грешка у рипање)

11 јуни 2007

Чалгии - трета епизода

Благодарност до јанко што ми укажа на mediafire.com во коментарот на претходниот пост. Таму, за разлика од megaupload, фајловите стојат подолго време (не до крајот на светот, ама доволно долго) и единствено ограничување е да бидат до 100 мегабајти.

Значи, делче по делче, за кој не успеал да ги симне големите зипови досега.

Александар Сариевски 1 дел и 2 дел
Чалгиите на МРТВ, снимки од 1960 до 1972 (плус една од 1981)
Чалгии и староградски песни со Оркестар Билјана
Снимка од мартовска проба на чалгаџиите од Свирипиле оркестра (од претпретходниот пост)

Уживајте, а јас ќе се потрудам да го ставам тука и рестото од она што го имам емпетрирано.

31 мај 2007

Чалгии - ама оригинал

кликтук

Линкот ќе биде активен 21 ден од последното преземање, ги содржи комплет „Ансамбл Биљана“, Александар Сариевски (ај, ова спаѓа во староградски) и Чалгии со оркестарот на МРТВ од 61-ва до 80-та (класици).

28 март 2007

Чалгии

Еден обид за чалгии (голема љубов), простете за неувежбаноста.

Смотан Оркестар Старци (СОС)

http://www.megaupload.com/?d=62NN2K4X

Кој го симне, го симне, кој не... ќе чека настап :)