05 February 2006

Жртвата како најголема љубов

„Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели (ближни).“ Јован, 15,13.

Не само во војна, туку во секојдневниот живот.

Тоа го направи Христос на Крстот, на тоа сме повикани и ние.

И кој ме потсети на тоа? Не само претходната дискусија за самураите, туку и два филма што зборуваат токму за ова и што ги гледав деновиве - „Ефектот на пеперугата“ и „Дони Дарко“. Жртвата е единственото и крајно решение што го менува светот. Откажувањето од своето за да му се направи место на Бог да дејствува.

No comments: