Пишувајќи во радоста на светлите денови на зимската Пасха од Божиќ до Богојавление, оваа година да ни биде уште поубава од претходната. Благослов Божји на сите!
Со дополнение на еден одговор на една „виртуала“ - реплика на реплика:
Кога ги гледаме страданијата на милиони човечки битија, не можеме да останеме бесчувствителни. На кој начин можеме да им помогнеме? Според христијанскиот поглед на светот, оваа трагедија на земјата е последица на непослушанието. Адам ја побара божествената состојба, вечниот живот, прекинувајќи ја врската со својот Отец и Создател. Христос - Човекот, прв во историјата на човештвото се искачи на Голгота: ја избра најмачната смрт, за да го избрише ова проклетство. Да се реши некој да Го следи Христа, значи да се изложи себеси на страданија. Тоа е неизбежно! Претпоставувајќи дека сме една клетка во големото тело на човештвото, од почетокот на создавањето на светот, и доколку животот на светот поминува во нас, ја живееме трагедијата на човештвото како наша трагедија.
И на албански (без краткото „е“, сори)
Kur i shohim vuajtjet e milionrave genie njerezore, nuk mund te jemi te pandjeshem. Ne cilen menyre mund t'i ndihmojme? Sipas veshtrimit kristian te botes, kjo tragjedi ne toke eshte si rrjedhoje e mosbindjes. Adami e kerkoi gjenden e Perendise, jeten e perjeteshme, duke e nderprere lidhjen e vet me Atin dhe Krijuesin. Krishti - Njeriu i pare ne gjithe njerezimin u ngjit na Golgote; e zgjodhi vdekjen me te mundimshme, qe ta fshije kete malkim. Te vendose dikush qe ta ndjeke Krishtin, do te thote te eksponoje vetveten te vuajtje. Ajo eshte e pashmangshme! Duke supozuar se jemi nje qelize ne trupin e madh te njerezimit qe nga fillimi i krijimit te botes dhe ne qofte se jeta e botes kalon tek ne, e jetojme tragjedine e njrezimit sikur te jete tragjedia jone.
Старец Софрониј во двобројот 31-32 на „Премин“ од декември 2005.
No comments:
Post a Comment