23 January 2006

Русија се закачи со Англија

Откако и удри шамар на Европа со потсекнувањето на доставата на природен гас, по закачката околу санкциите против Иран, „мечката“ за`рже и накај Обединетото Кралство. Подетално тука.

Извештајот објавен на руската телевизија е дипломатски скандал - но на што рипа Би-Би-Си? На декретот на Путин со кој се скратува можноста странци да пумпаат пари во невладиниот сектор во Русија бидејќи, колку што човек може да види од скорешната историја (Србија, Грузија, Украина, Узбекистан), тоа служи само за подривање на постојните режими во Евроазија. Сега, повторно очекувано, и НВО-ата (покрај Би-Би-Си) врескаат дека се повредуваат човековите права и слободи, ама јас имам друго прашање: Што би направила некоја западноевропска земја кога би знаела дека Русија плаќа „петта колона“ во нивните земји со цел да се сруши Владата?

Не сум некој голем русофил (и Русија има своја вина за поделбата на Македонија), ама подривањето на сувереноста на која било земја (земете го само нашиот пример од почетокот на XXI век) ја подрива стабилноста на функционирањето на светот. Потребно е да има некој столб во борбата против глобализмот (читај американизацијата) на светот - чисто затоа што свет во кој сите би биле „Американци“ би бил страшно здодевен и суров.

8 comments:

Драган Зајковски said...

,,...и Русија има своја вина за поделбата на Македонија..." Ало тоа се случило во 1913 година. колу вода протекло од тогаш. Несмееме да живееме во историјата. Што правиме со признавањето на македонската нација од Коминтерната а по директно инсистирање на советска Русија. На инсистирање на Русија Коминтерната ќе биде првата релевантна меѓународна институција која ќе ја прифати историската вистина за посебноста на македонскиот народ и нација. Сите ние треба да се гордееме со таа улога на советскиот сојуз, т.е. советска Русија.

Впрочем Русија беше и првата земја постојана членка на Советот за Безбедност која не призна под уставното име. Потоа следеше НР Кина.

Јас попрво би бил русофил отколку глобалист. И не се срамам да кажам дека сум русофил иако Путин е ѓубре.

Клео said...

Ало тоа се случило во 1913 година.

Друже историчар, check your facts. Борбата за поделбата на Македонија траела најмалку 60 години (откако Австрија и ја „топнала“ Босна на Србија). Русија НЕ сакала основање на независна македонска држава бидејќи повеќе и одговарала голема Бугарија (со излез на три мориња, нели).

Клео said...

Кога сме кај „чекирањето факти“, го препорачувам „Македонски јазол“ од оној швабана - не ми текнува како се викаше, а книгата ја дадов некому. Јес да си тера вода на својата воденица, ама има мнооогу интересни работи да се прочитаат.

Драган Зајковски said...

дискатабилно е колку траела борбата за поделба на Македонија и дали воопшто истата завршила. Но факт е дека Царска Русија кумувала и при потпишувањето на Тајниот протокол меѓу Србија, Грција и Бугарија во предвечерјето на Балканските војни каде истата се јавува и во улога на евентуален арбитер при можните спорови меѓу „ослободителите“ (и јас научив правилно да апострофирам :)

Несомнено своја улога има и во склучувањето договорот од Сан Стефано. Но не е точно дека само Царска Русија не сакала создавање на независна македонска држава. Тука биле и интересите на другите европски дипломатии кои генерално не биле заинтересирани за менување на границите на европска Турција.

Најблиско до држава сме биле за време на спроведувањето на Мирцштегските реформи. Но браќата од ВМРО поеќе сакале оружје отколку дипломатија. А и Младотурската револуција недозволила заживување на реформите.

инаку книгата на бившиот германски амбасадор е прекрасна. Дали го забележа делот за писмото на австрискиот цар до Македонците и проблемот со неговата автентичност? вистинска бомба во нашата историографија. Затоа никој историчар јавно несака да коментира. Изгледа ќе испадне како со Крушевскиот манифест. Фалц.

Клео said...

инаку книгата на бившиот германски амбасадор е прекрасна. Дали го забележа делот за писмото на австрискиот цар до Македонците и проблемот со неговата автентичност? вистинска бомба во нашата историографија. Затоа никој историчар јавно несака да коментира. Изгледа ќе испадне како со Крушевскиот манифест. Фалц.

Би ти бил многу благодарен ако го обработиш ова на твојот блог (со кириличен наслов, ако може). Барем ќе бидеш првиот историчар што јавно ќе искоментира (на блоговите ништо не се брише).

Драган Зајковски said...

Темата е навистина сериозна, а јас сум премногу анонимен, а искрено тој период и не ми е специјалност. Многу поголеми авторитети од мене ја закашкале работата. Сега засега само се шушка меѓу историчарите дека не само Крушевскиот манифест и писмото на Леополд туку и Уставот од Кресненското е фикција. Ако ме разбираш што сакам да кажам.
Поопасно од цензурата е автоцензурата.

Клео said...

Темата е навистина сериозна, а јас сум премногу анонимен, а искрено тој период и не ми е специјалност. Многу поголеми авторитети од мене ја закашкале работата.

Кхе, кхе.

Добро, бе, со мене можеш да се маваш со аргументи, а тука ми збориш за „поголеми авторитети“. Направиле фалсификат? Излажале и лажговци се и никакви авторитети не се. Нели основно начело на науката е утврдување на вистината? Ако не си подготвен да загинеш за вистината, каков научник си?

Заеби стегање - ако знаеш нешто, кажи. Ако насетуваш нешто, копни и откри што се крие зад работите. Нема да бидеме помали Македонци ако кажуваме дека црното е црно, а белото бело. Баш напротив.

Драган Зајковски said...

На оваа тема повеќе нема ништо да коментирам.