беа на крштевката на Андријана и многу убаво си поминаа. Беа и Бабата и петте „турбини на љубовта“, а благодатта ги обли сите со љубов.
Кога сме кај благодатта, мало дополнение на претходната објава, во врска со календарот.
Секоја година, на Велигден (православниот) ерусалимскиот Патријарх влегува сам во Црквата на Воскресението во Ерусалим со една свеќа (Турците праќале стражи да се осигураат дека православните не прават некоја финта, а не сум бил лично за да ви кажам дали денес Евреите праќаат војска внатре). Точно на полноќ, Светиот Дух слегува во вид на благодатен оган и ја пали свеќата, па тој излегува надвор и ги пали свеќите на верните што се собрани таму. Секоја година. Кога ерусалимскиот Патријарх влегува таму. Не слегува само ако има еретички ерарх внатре - а нема слезено и една година кога Ерусалимската Патријаршија го прифатила грегоријанскиот календар (Кибицер, најди која е и кажи ни) и се обидела да го прослави Велигден кога не му е време. Веднаш се поправиле, се разбира.
Друга потврда мене не ми треба.
Има едно книжуле за Благодатниот Оган што е премногу долго за да го оставам тука, па кога ќе најдам домаќин што да го чува во електронски облик, ќе ви оставам тука поврзница.
Бог се јави.
11 comments:
Навистина незнам дали од незнаење или, пак, намерно ги искривуваш фактите. Одредувањето на Велигден не е врзано со грегоријанскиот календар. Иако целиот православен свет, упс пардон, освен русија и србија, го има прифатено грегоријанскиот календар, Велигден во православната црква, независно по кој календар се води се датира поразлично од римокатоличката црква. Разликата е во тоа што римокатолиците не чекаат да помине еврејската пасха, а православната црква Велигден го слави наредната недела по Пасхата.
За оние кои не знаат, или се прават дека незнаат. Иако Грчката, Александриската, Цариградската, Бугарската, романската, и сите други православни цркви го имаат прифатено грегоријанскиот календар, сепак постои разлика меѓу православните и римокатолиците во одредувањето на Велигден. Читај ги одлуките од Сеправославниот конгрес од 1923/24 г. од Истанбул. Немој да импровизираш!!!!
Една мала лекторска забелешка. Не му личи на учен човек да ги пишува „не може“ и „не сака“ и „не смее“ заедно.
Навистина незнам дали од незнаење или, пак, намерно ги искривуваш фактите.
Друже, ништо јас не искривувам. Пасхалијата (одредувањето на датумот на Велигден и празниците поврзани со него) се раководи според јулијанскиот календар и тоа е тоа. И кај Црквите што го имаат (делумно) прифатено грегоријанскиот календар. Поточно како се одредува Велигден во Црквата (и римокатолиците го користат истиот метод, само што го отфрлиле принципот Велигден да биде после еврејската Пасха) има во мојата претходна објава на таа тема. (http://cudo.blogspot.com/2006/01/blog-post_15.html) Читаш ли ти воопшто што пишувам?
Папата Гргур го отфрлил јулијанскиот календар поради тоа што бил суетен или нешто слично?!? Ко божем јулијанскиот календар е правен од православната црква па сега поради суета решил да го менуе. Нели, ова не е фундаментализам. Ма скраја да е. Ова е чиста наука. Римокатолиците и масоните се криви за све. Ма дај, јулијанскиот календар е малку понепрецизен. Аферим нефундаменталисту.
И повторно. Одредувањето на Велигден е пред се поврзано со Пасхата. А Пасхата не се одредува ниту според јулијанскиот ниту според грегоријанскиот календар. Туку единствено според еврејската лунарна година. На 15 Нисан е Пасхата. What is fucking Nissan? Automobil brand or what?
Инаку МПЦ уште во не толку далечната 1967 г. има донесено одлука за промена на календарот.
Колку верници имаат старокалендарците во Бугарија и Грција? 100, 200, 300, 500.
Римокатолиците и масоните се криви за све.
Луѓето се виновни за сè, особено непокајаните. А моето несогласување со папизмот не ми пречи да имам пријатели римокатолици. Работата е проста - се сведува на една реченица (дали беше книга, дали беше беседа, не би знаел да ти кажам сега) „Достоинството на христијанството и недостоинственоста на христијаните“.
Одредувањето на Велигден е пред се поврзано со Пасхата.
И Велигден е Пасха. Што се однесува до „нисан“, за него дознав од „Мајсторот и Маргарита“ на Булгаков.
Одредувањето на времето е поврзано со движењето на сонцето и месечината (спореди 1 книга Мојсеева - Битие - 1,14). Не ми одговори зошто астрономите и понатаму ги пресметуваат јулијанските денови, а не грегоријанските. После може да продолжи муабетов.
Што се однесува до фундаментализмот - јас СУМ фундаменталист. Бидејќи коренот на зборот е фундамент=темел. Не сакам да градам врз песокот на својот, туку врз темелот на Христовиот ум.
Навистина не ми е познато дека астрономите ги пресметуваат јулиојанските денови, а не грегоријанските. Уствари да бидам сосема искрен и не те разбирам за каква пресметка се работи. Ги пресметуваат со која цел??? Неможе да се водат од јулијанскиот календар бидејќи денес сосема точно се знае колку трае сончевата година. Со која цел би користеле нешто што не е точно??? Неверувам дека астрономите се водат и по грегоријанската година. Веројатно ја користат вистинската соларна година при своите потреби.
И уште нешто. Велигден неможе да се поистоветува со еврејската Пасха. Симболиката е различна. Пасхата е во спомен на Егзодусот, а Велигден на воскресението и спасението. Ваљда тоа ти е јасно и поеќе од мене.
Навистина не ми е познато дека астрономите ги пресметуваат јулиојанските денови, а не грегоријанските.
Бидејќи мојот научнички интерес не е сконцентриран само на една област (шо да се ограничувам :) ) математиката, физиката и астрономијата отсекогаш ми биле интересни (иако сум јазичар - демек лингвист) па и тука мора да се поправам. Астрономите не користат само јулијански денови, туку и јулијански години. Работата е малку посложена, па прочитај на долниов линк ако не те мрзи.
http://www.answers.com/topic/julian-year-astronomy
Малку е заплеткано (сепак е тоа wiki, авторите не се редактираат многу), ама во основа, попрактично е да се пресметува така. Следствено - грегоријанскиот календар не е практичен :))
Има интересни информации и за календарот на Миланковиќ усвоен на синодот во Истанбул 1923 год., наречен „ревидиран Јулијански календар“ кој фактички се користи во Православните Цркви.
http://en.wikipedia.org/wiki/Revised_Julian_calendar
Исто е премногу математички, ама тоа ти е.
За Пасхата.
Еврејската - да, е спомен на Исходот од Египет. Но, бидејќи тоа е праслика на Исходот од адот што го прави Христос со Воскресението, и Велигден се вика Пасха (премин, на нашки). Од еврејскиот премин од ропство во слобода, премин во повисок облик на ропство (смртта) во слобода (вечен живот).
Се разбира, православните го слават и Мојсеј како пророк и светител, но не се Мојсееви ученици (како Евреите) туку Христови.
Ако подобро се размисли навистина си во право околу симбиличната поврзаност меѓу старозаветната Пасха и Велигден.
Нешто слично како обидот на евангелистите сцените од животот на Исус да ги поистоветат со животот на Мојсеј. Пример: старозаветното убивање на машките еврејски бебиња по наредба на фараонот (најверојатно Рамзес II) во времето на мојсеј и итлеемскиот масакр на бебињата во времето по раѓањето на Исус. Интересно. Ме поттикна на размислување.
Благодарам за линковите. Деновиве ќе го ѕирнам линкот па ќе искоментирам ако телеком не ме „заколе“ на први:)
„Една мала лекторска забелешка. Не му личи на учен човек да ги пишува „не може“ и „не сака“ и „не смее“ заедно.“
Амин!
:)
Не, сериозно, многу пречи и одвратува од текстот и дискусијата.
Нешто слично како обидот на евангелистите сцените од животот на Исус да ги поистоветат со животот на Мојсеј.
Ах, роде неверен... ;)
Морам да те искарам. Не се „обидуваат“ евангелистите да го поистоветат Исус со Мојсеј. Тоа што му се случувало на Мојсеј е праслика на она што се случило кога дошол Христос. Старозаветното е праслика на новозаветното. Во Стариот Завет Бог дава закони и правила (заради тврдите срца, како што вели Исус), за во Новиот Завет да остане само законот на љубовта (којшто и бил даден прв).
Се е дел од еден заговор од вселенски размери :) - кого богословите милуваат да го нарекуваат Божја промисла (провидение - поблиску до англиското providence), а може и Божји домострој (многу убав македонски збор за „економија“). И целиот е во наша полза.
Е тука е разликата меѓу науката и религијата. Даваш одлиќно објаснувања од теолошка гледна точка. Но науката врз основа на метолошки истажувања утврдила дека непостојат релевантни историски извори кои би ја потврдиле историската автентичност на голен дел од библиските личности пред Егзодусот, како Аврам, неговите синови, Мојсеј и др. Дали е се резултат на божјата промисла? Мислам дека тоа е надминато уште од времето на просветителството. говорам за науката, се разбира.
п.с.
анонимус како што глеам ти воопшто и не се обидуеш да дискутираш.
Post a Comment