Трите акции за известување на домашната и меѓународната јавност, како и Управата на МТ, за нечесното однесување на нашиот „омилен“ провајдер со кој сме „навистина блиски“ (си пишуваме и писменца, нели) беа мошне успешни.
Главните цели беа 1. информирање и 2. реакција.
Првата реакција беше перењето образ на МТ и „враќањето“ на старите услови на договорите.
Втората реакција е нервозата на МТ и нивното избегнување на каков било директен одговор (бидејќи не се чисти ни пред себе, ни пред нас, ни пред Бога) - страв им е дека ќе ги фатиме за што и да кажат
Трета реакција (видлива) е и одговор од Т-ком (значи, од толку маање, сме погодиле на добро место)
Наскоро ќе се подготви соопштение и за странските медиуми (посебно за да ја притиснеме јавноста во Дојчланд и Маџарленд, а и пошироко, ќе се најде нешто за што ќе се фатат) и - се разбира - овде ќе ги има писмата и адресите за „обработка“.
Благодарност, повторно, до сите што учествуваа во акцијата на овој или оној начин - се виде дека не сме група со која што може да си играат како што сакаат.
2 comments:
Post a Comment