17 October 2005

Демократијата во Македонија функционира?

По успешните акции што ги спроведовме во последно време, издејствувавме делумно повлекување на АД МТ од нивното безобразно менување на условите на договорите за користење на услугата АДСЛ, но тие немаат излезено со ништо конкретно и јасно (дури и новите огласи во весниците им се матни и не влеваат доверба).

За да бидат акциите поуспешни, ќе има уште масовни известувања на домашните политичари и институции, како и на медиумите (домашни и странски). Утре има состанок на Организацијата на Потрошувачите на Македонија со АД МТ и „други“ (веројатно ќе има и некој од Владата) на кој ќе присуствува и наш претставник.

Најсмешно од се е што човек овде мора да интервенира и да моли еден монопол во кој делумен сопственик е и Владата ДА ГИ ПОЧИТУВА ЗАКОНИТЕ. Не бараме ништо повеќе и ништо помалку. И ќе се држиме до словото на законот докрај - затоа што само во функционална држава може да се живее и функционира.

Стеј тјунд - ќе има уште поинтересни работи.

No comments: