24 October 2005

До каде сме со приговорите

Не стогодишна војна, не стоминутна војна, ама тука некаде во средина - така изгледа му доаѓа работава.

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2893&stID=65646

Нејсе, по последните консултации со правниците, Мактел се на добар пат да изгубат бајаги корисници (ако тоа им било целта со последниве дејанија, на добар пат се да ја остварат), не само на АДСЛ, туку и на телефонските линии. И за тоа ќе се чуе далеку.

Најнови вести:

НОВИТЕ пакетите објавени на 14.10.2005 (те ограничено, те неограничено, те брзо, те споро) се уште една промена на условите, што значи:

1. Пенали не се плаќаат ако се раскине договорот во законскиот рок (30 дена).
2. Корисниците имаат право да ја бараат услугата што им е ветувана за да бидат намамени да ги потпишат договорите - неограничен брз интернет со фиксна цена.
3. Корисниците имаат право да бараат поништување на договорите на Суд врз основа на... сега засега тужбата има 15 страни, со добри шанси да станат 150.

Утре, 25.10.2005, е законскиот рок до кој Мактел треба да одговори писмено на поднесените приговори.

1 comment:

Anonymous said...

http://bombardeo.blogspot.com/

koj znae spanski?