14 October 2005

Победа? Толку брзо?

Штотуку ми јавија дека МТ.нет усвоиле едно од нашите барања - а тоа е враќање на старите услови. Сега ќе има два Мах-АДСЛ пакета - еден со 4 гига ограничување, после што ќе паѓа брзината (и без доплата) и друг со 4 гига ограничување со доплата (207 ден. за секои почнати 512 мега над лимитот).

Јас ги тргам и-мејл адресите од блогот, да не ми дојде некоја тужба.

Или вчера сме боднале некоја добра адреса за бомбардирање, или има некој од мајка роден во мт.нет.

No comments: