02 February 2006

Самураите и христијанството

Неверојатно што ќе најдеш во тоа „Нешенел џиогрефик“. Едно рамкиче од декемврискиот број 2003-та.

„Христијанството била главна религија во феудална Јапонија подолго од 50 години. Заедно со мускетите на португалските трговци кон средината на 1500-тите години, пристигнале и езуитските мисионери коишто го ширеле христијанското слово на најсиромашните селани, како и на самурајските земјопоседници што биле желни да добијат пристап до странските пушки и трговијата. Во 1559 год. еден езуитски презвитер допатувал во престолнината Кјото и го убедил шогунот Ашикага Јошитеру да им даде заштита и ослободување од даноците на мисионерите во целата земја. Христијанството се ширело до крајот на владеењето на Ода Нобунага, еден од великите јапонски самурајски водачи и до 1580 год. веќе имало околу 150.000 покрстени души. Во поголемите градови никнувале цркви и богословии, а самураите оделе по улиците со бројаници. Во битка, христијанските воини носеле крстови на штитовите и, додека се судирале мечевите, на бојните полиња одекувале извиците „Језу“ и „Санта Марија“.

Тие извици биле придушени во 1587 год., кога наследникот на Нобунага - Тојотуми Хидејоши - наредил езуитските презвитери да си одат од земјата во рок од 20 дена и целосно ја забранил нивната вера. Причината за овој ненадеен едикт не е јасна. Може бил загрозен од моќните христијански земјопоседници. Иако многу езуитски презвитери си отишле, забраната во голема мерка не била спроведувана. Десетици езуити продолжиле да проповедаат на речиси 300.000 следбеници, меѓу кои биле и некои од најблиските офицери на Хидејоши. Таквото прогледување низ прсти траело до 1611 год., кога службениците на Токугава Иејасу повторно ја отфрлиле христијанската вера. За три години црквите биле уништени, мисионерите биле затворени, а христијанските земјопоседници биле протерани. Многу христијански самураи ги изгубиле својата земја и својот статус, иако нивната вера се одржала до Шимабарскиот Бунт во 1637-38 год. Една група христијански самураи безземјаши се приклучиле на селанскиот бунт против еден суров земјопоседник во западна Јапонија. 20.000 души со месеци успешно бранеле еден напуштен замок од владината војска за која се смета дека броела 100.000 војници. Откако изгубиле илјадници војници, властите биле принудени да ги замолат холандските воени бродови да го бомбардираат замокот. Христијанските знамиња со врежани имиња на светители и зборовите „слава на благословените свети тајни“ паднале, бунтовниците биле масакрирани, а христијанските самураи конечно биле поразени.“

Да го цитирам Мики Манојловиќ од „Андерграунд“ - „Нема рата док брат не убије брата“. :(

10 comments:

Anonymous said...

Која е поврзаноста со убивањето (во или вон војна) и самоубиството на самураите и христијанството?

Драган Зајковски said...

Поврзаност меѓу самураите и христијијанството - чисти глупости. Нема никаква историска основа. Една од основните постулати на животната филозофија на самураите, како еден вид посебна војничка каста (или општествен слој) во средновековна Јапонија, било самоубиството, како еден од начините на чесна и достојна смрт. Наспроти тоа, сите знаеме каков став има христијанската Црква (Римокатоличка и Православна, а подоцна и протестантите) кон чинот на самоубиство.

Типовите од Nacional Geographic малку претерале. Впрочем тоа им е пракса кога пишуваат за историски теми. При пишувањето манипулираат со извесна доза на сензационализам кој вешто го користат за продавање на својот тираж. Целната група на која се обраќаат се претежно на тинејџерска возраст и воопшто лица склони на сензационализми.

Не само во конкретниов текст, туку и воопшто, во статиите кои третираат историски настани и личности, Nacional Geographic се служи со полувистини, еднострано гледање на работите, се цитираат извори без да се направат критички забелешки, а сето тоа со цел текстот да има извесна доза на сензационализам.

Конкретно за примеров со самураите и ширењето на христијанството во Јапонија, авторите на статијата ги користат единствено езуитските извештаи и документи. Но извештаите на сите езуитските мисионери од XVI век, не само оние од Јапонија туку и од Европа, а посебно од Латинска Америка, изобилуваат со нереални и „напумпани“ бројки. Најчесто езуитските мисионери, од добро познати причини, го преувеличувале успехот на својата мисионерска работа.

Конкретно во Јапонија, езуитите се претставувале дека ја продолжуваат мисионерската дејност на апостолот Тома. (Според мене тоа е вистинска тема за пишување; Дали Тома навистина ја посетил Јапонија или се работи за неавтентична црковна традиција)

Бројката од 150.000 христијански конвертити е претерана и нереална. Ваквите податоци од езуитските извештаи и документи не се потврдени од другите неезуитски извори од тоа време. Бројката од 150.000 јапонски конвертити не е потврдена ниту во јапонските наративни, ниту пак со архелошките извори. Оттука во најмала рака таа е сомнителна.

Клео said...

@ сам_у_рај-от

Убивањето е грев. Точка. Но, како и секој грев, може да се покае (под покајаните мислам на „метанија“, „преумување“=промена на умот). Бидејќи христијаните не се ни анархисти, ни пацифисти, послушни се на секоја власт во којашто живеат (додека власта не почне да ги тера да се откажат од верата во Христа). Значи, одат и во војска и во војна (затоа што „нема поголема љубов од тоа да се даде душата за ближниот“ - тоа го наведува и Константин Философ во својата расправија со муслиманите во Багдад). Но, правилата на Црквата се јасни - војската се причестува ПРЕД битка, а ако некој војник морал да убие во војна, има епитимија (дадено време да го покае гревот) од две до шест години (не смее да се причестува). За намерни убијци е одредена најголемата епитимија - 20 години. Слично е и денес кога, не дај Боже, ќе згазиш човек со кола не по своја вина (ти се фрлил под тркала). Се оди во затвор 2 години (и епитимијата е иста - за да може човек да ја преживее грижата на совеста). За убиство во самоодбрана не се оди во затвор, но епитимијата е исто 2 години.

Самоубиството е непростлив грев затоа што не може да се покае (како што се наредени работите, само додека сме во телото сме дејствени, покајание откако душата ќе се одвои од телото нема, односно покајанието не е плодоносно). Колку што го знам процесот на станување на христијанин, не верувам дека самураите-христијани се самоубивале.

Уште нешто. За Православната Црква НЕМА оправдана војна. Самоодбранбената војна се допушта по нужност, а освојувачките се анатема. Резонот е прост е - ако си седиш дома и влезе некој со јасна намера да ве исколе сите, не е христијански да седиш и да го гледаш тоа, ако можеш да преземеш нешто, туку да ја положиш својата душа за заштита на ближните.

Секој христијанин е повикан да биде Христов војник, но „нашата војна не е против крвта и плотта, туку против силите на поднебесјето“, како што вели св. Павле. Христови војници во најголемата битка на доброто против злото (што се води од пред создавањето на материјалниот свет). Целта е да се победи злото во себе, а со тоа и околу себе - со тоа што христијаните имаат мала предност. Генералот им е многу јак и веќе победил во главната битка :) Наше е само да му се приклучиме.

Клео said...

Кибиц,

иако се согласувам со тебе во врска со философијата што се фура во Нешенел, не би рекол дека самоубиството било „постулат на животната филозофија на самураите“. Кога еден таков човек, кој веќе живее доблесно, ќе го прифати Вистинскиот Бог, не му е тешко да го отфрли „харакирито“ (самоубиството заради чест). Честа може да биде примарна, но во Христа поважни се смирението и љубовта кон ближниот. Впрочем, тоа се Божји работи. Езуитите биле многу ефикасни мисионери (иако не би се дружел со нив ако не морам - премногу надворешна строгост) - види ја само Јужна Америка (езуитите цело време биле заедно со народот, дури и предводеле неколку индијански буни, така што не ме чуди нивниот успех во Јапонија).

Инаку, за христијанството во Јапонија - постои автономна Православна Црква во Јапонија. Покомплетна слика (прозападна е, ама има точни бројки и за православните) за христијанството во Јапонија имаш тука. Св. Тома не се споменува (затоа што, според Преданието, тој ја добил Индија како апостол, за Јапонија првпат слушам од тебе).

Драган Зајковски said...

Право пишуваш. Грешката е кај мене. Според црковната традиција, или поточно, според пишувањето на Еузебиј Кесарски (IV век), апостолот Тома најпрво заминал во Партија, и оттаму во Индија да го проповеда христијанството. Меѓутоа, во некои полуманихејски христијански секти на Истокот, најверојатно под влијание на гностичките ракописи од III век според кои Исус не умрел на крстот туку заминал на Истокот, Тома на кратко ја имал посетено и Јапонија. Се разбира дека се работи за неавтентична традиција, чија веродостојност со право ја оспорува и Црквата. Податокот го сретнав кај Елејн Пејгелс, Gnostic Gospels.
Според науката дури и мисионерската дејност на Тома во Индија треба да се прифати со огромна доза на резерва и претпазливост. Вистина е дека Црквата верува дека во Индија му се најдени посмртните останки кои се пренесени во Италија, но прашење е дали истите се автентични. Впрочем како и езуитските извори од Јапонија. Организираното ширење на христијанството во Јапонија почнува по нејзиното отворање за надворешниот свет, или поточно во средината на XIX век. Истото го врши Руската црква и оттука постоењето на силна автокефална Јапонска Православна Црква. Се разбира дека и римокатолиците имаат своја бискупија во Јапонија, впрочем како и протестантските цркви, но во споредба со нив православието е позастапено. Ова, благодарение на руските православни мисии, а никако на езуитите.
Мило ми е што за National Geographic го делиме истото мислење. Прикриениот сензационализам во нивните текстови се препознава од „сателит“.

п.с.
Вчера не можев да го отворам твојот блог. Серверот го попречуваше секој обид за отворање на блогот. Истиот проблем го имав и со другите блогови на blogspot.com за разлика од blogspot, без никакви проблеми ги отворав блоговите на блог.мк Даваше информација дека пристапот на blogspot е забранет. Бидејќи сум прваче во овие работи, ме интересира дали може Он нет поради конкуренцијата на својот blog.mk да го блокира пристапот до blogspot. Дали постои начин за свесно попречување или се работи за обична техничка грешка.

Клео said...

според пишувањето на Еузебиј Кесарски (IV век),

„Историја на Црквата“ од св. ЕВСЕВИЈ Кесариски е еден од најточните ранохристијански извори.

апостолот Тома најпрво заминал во Партија, и оттаму во Индија да го проповеда христијанството.

Баш го подготвувам житието на св. Варлаам и Јоасаф за првите христијани во Индија. Св. Тома бил во Индија, со една мала напомена - тогаш тоа што го викале Индија е денешен Пакистан (идат Персија/Иран, па Партија/исто Иран денес и источно од нив - Индија :).

гностичките ракописи од III век според кои Исус не умрел на крстот туку заминал на Истокот, Тома на кратко ја имал посетено и Јапонија.

Бррр... тоа гностицизмот никако да изумре (па како капак на тоа во последно време и Ден Браун, и враќањето на манихејството/богумилите - Бог да чува и да брани).

Се разбира дека се работи за неавтентична традиција, чија веродостојност со право ја оспорува и Црквата.

Ете, гледаш колку се блиску Црквата и науката. Црквата нејќе ни да чуе за нив бидејќи изворите им се лажни (по принципот - и да кажеш 99% вистина и 1% лага - лажно е), а науката само со дедукција.

Организираното ширење на христијанството во Јапонија почнува по нејзиното отворање за надворешниот свет, или поточно во средината на XIX век.

Ќе морам да те вратам на двата линка во мојот претходен коментар. Податоците од Нешенел се точни - езуитите биле први. Русите имале втора мисија.

Во истиот римокатилички линк - убаво си стои - од милион Јапонци христијани, само 30.000 се православни - ама со 10% монаси :) Тоа е интересно и за Индија (во денешните граници - полуостровот). Таму, бидејќи има долга традиција на отшелништво (одење во пустина и подвизување) обратениците во православие обично веднаш идат во монаси (цифрата е околу 50% - ќе го најдам линкот па ќе го пуштам). Во меѓувреме - забележав дека Премин имаат „портал“ на premin.com.mk, таму има бајаги линкови (а ако нема, ќе ги додадам - само да видам кај треба да се пријавам за такво нешто ;)

ме интересира дали може Он нет поради конкуренцијата на својот blog.mk да го блокира пристапот до blogspot.

Он-њет не можеше едно хакерче да спречи цела недела, а не да го блокира blogger.com :) Блогер (блогспот) е Гугл и ако отидеш на blogger.com (насловната од каде што влегуваш на блогот) обично има најава на редовното сервисирање со сатница (часовница? :)). Точно дека вчера прекинот беше невообичаено долг - обично е од саат до два (обично меѓу 13 и 15 часот наше време).

Драган Зајковски said...

Уф, навистина е дискутабилно дали Еузебиј е 100% точен. Веродостен е за настаните за кои е современик, меѓутоа податоците за настаните од историјата на Црквата датирани пред IV век мора да се прифатат со огромна доза на претпазливост. Еузебиј за настаните за кои не е сведок т.е. кои се датираат пред неговото време, користел постари извори (Папијас и др.), а најверојатно и усна традиција. Само оние податоци кои се потврдени врз основа на други извори од нехристијанска провинциенција можат да се сметаат за веродостојни во задоволителна мера. Сепак генерално се согласуваме дека Еузебиј не само што е првиот христијански историограф туку и дека неговите две дела се прилично веродостоен извор за најраната историја на Црквата.

Eusebius го транскрибираш како Евсевиј. Веројатно тоа ти е професија, па ме интересира дали е правилно Еузебиј или Евсевиј. Мене на факс ме учеа дека ниту Еузебиј не е погрешна транскрипција. Уште повеќе што „Еузебиј“ помина пред комисија без забелешки околу транскрипцијата. Искрено ме интересира твоето мислење бидејќи не сум класичар.

Што се однесува до гностичките евангелија најдени во Наг Хамади 1945 г. правоверната Црква уште во II век ги имала отфрлено како неавтентични. Иако пронајдените примероци се датираат во III век, сепак се работи за коптски преписи од старогрчки оригинали датирани најрано во 120 - 150 г. Во поглед на хрисријанската догматика, уште тогаш, II-III век, правоверната Црква ги отфрлила како лажни и неавтентични, но од денешен аспект тие за историската наука се од непроценливо големо значење. Дотогаш (1945 г.) за гностицизмот се знаело само посредно врз основа на изворите од правоверната Црква, т.е. Contra Haereses на Иринеј Лионски и другите апологети и црковни отци. Со нивното пронаоѓање и расчитување, денес историската наука располага со „податоци од прва рака“ за гностиците, нивното учење и сл. Податоци кои доаѓаат лично од самите гностици. Само како пример, и Елејн Пејгелс, и Едвин Јамаучи, и Питер Браун, и Хелмут Кестер, па дури и Кристијан Баталден пронаоѓањето на гностичките евангелија од Наг Хамади го сметаат за еден од најголемите настани во XX век.
Од нив можат да се „извлечат“ податоци за првата црковна институција (хиреархиска поставеност, однос кон верниците, однос кон жената и сл), за првите несогласувања во христијанските редови, за првите судири во верувањето, за социјално - општествената структура, односот верник - свештеник т.е. верник - црковна институција и многу други работи. Значењето на овие гностички текстови произлегува од фактот дека со нивна сериозна анализа и споредување со текстовите од Новиот Завет се овозможува поцелосно разбирање на раното христијанство.

Сакам да кажам дека иако во поглед на догматиката гностичките текстови се отфрлени како неавтентични и лажни, сепак во поглед на другите податоци кои ги содржат, тие се извор од непроценливо значење.

Историски факт е дека езуитите се првите христијански мисионери во Јапонија. Дискутабилен е успехот на нивната мисија.

Многу среќа и успех во преведувањето на житијата кои ги работиш. Се работи за капитални дела за кои нашата историографија е жедна. Освен тоа, нема македонски превод на ниту едно дело на светите отци од II-IV век. Знам дека се работи за капитален потфат ама барем Еузебиј да се преведе. Имав прилика да го видам српскиот превод. Оригиналот го има кај Migne во Патрологијата.

Клео said...

Еузебиј по хрватска и латинска транскрипција, Евсевиј по „елинска“ (нема да кажам хеленска) и македонска транскрипција.

Ако има јако развиена научна гранка во Македонија, тоа е лингвистиката. Особено класичарите („старогрчки“ и латински) - затоа и ти викаш Ајга, а не Ега, затоа е Вавилон, а не Бабилон, Вер а не Берија. Што се однесува до преводот на Migne, ееее... не ми скоривај јадови :) Ако даде Господ, ќе се најдат едно 30.000 евра за да се преведе комплет (толку чини проектот, по првични проценки). Луѓе има, нема кој да ги организира (мене не ми иде нешто најсјајно).

Во меѓувреме, ќе читаме на српски и англиски (оксфордскиот превод на англиски е многу точен - го има и на Интернет - прогуглај Early Church Fathers).

Што се однесува до историската наука - вчера налетав на неверојатен сајт што ми ја склопи „причата“ на Донски и компанија - бидејќи нашиве се нешто недоискажани. Тркни до линков, ако не те мрзи

http://www.carantha.net

и прошетај го малку. Особено за „венетските“ имиња во Африка. И линкот за Амброзиќ - како се дешифрирале предкелтските плочки од Галија.

Но со отворен ум :)

Драган Зајковски said...

Не го сакам многу Донски. Типот „фура“ полувистини. Претходно си прави теорија во глава па потоа на сите можни начини се обидува да ја докаже. Селективно користи извори, вади нивни делови контекст, методолошки книгите му се „катастрофа“, а како што и ти велиш „ и да кажеш 99% вистина и 1% лага - лажно е“. Се сомневам дека Донски тоа свесно го прави. Едно е при работата негде да „утнеш“, а друго е свесно да манипулираш со полувистини.
Типот едноставно има ставено „наочари“ и све што чита во изворите го толкува преку диоптријата на неговите „наочари“ - ако ме разбираш што сакам да кажам.
За недоискажаноста на моите постари колеги 100% се согласуваме.
Првпат слушам за дешифрирањето на т.н. предкелтските плочки. Ќе проверам на многу посигурни места ама речиси сум сигурен дека такво нешто непостои. Кое е тоа предкелтско население во Галија?!? Веројатно се мисли на протокелтите, меѓутоа тие немале писмо. Во секој случај ќе проверам.

By the way, во контекст на твоето пишување за црковните канони за војниците кои убивале цивили. Како го коментираш фактот што Филарет, епископот малешевски, земал активно учество во војната во Босна, и тоа додека сеуште бил јеромонах. Фотографиран е на тенк со митралез. Наместо да следуваат санкции. СПЦ во 1998 или 1999 г. го хиротонисува за епископ. Истиот тој Филарет минатата година во процедура за беатификација стави двајца четници од Црна Гора. Едниот е некој поп Маца, а на другиот му го забораив името. Сеуште има живи сведоци, ги гледав на ТВЦГ, кои сведочат дека и двајцата учествувале во масовни егзекуции на комунисти. Како можат тие луѓе да бидат прогласени за маченици. Уствари СПЦ и све е можно.

Драган Зајковски said...

Филарет не е малешевски туку милешевски епископ. Сигурно си слушнал за него.