(English version a little lower)
Епа, беше жестоко еден месец, и МТ-њет се затвори во бункер. Сакаш гледаш фудбалски, сакаш гледаш стратешки - кога правиш опсада, тоа трае. Ај, ќе спомнам и класична литература - Што се се случувало под ѕидините на Троја - 10 години дремеле таму.
Како се бориш кога опсадуваш? Влечеш катапулти (топови), дигаш кули (на кои качуваш катапулти/топови) и тепаш. И тоа е монотоно.
Арно ама, некогаш доаѓа помош и од неочекувани места. Само вчера А1 и Вест објавија три вести за Телеком: не пуштиле Словенци да им ја користат мрежата, а тие ги тужеле кај ЕвроКомисијата во исто време кога ние ги праќавме масовните мејлови - што значи дека пола од нас работат за Словенците, така ли е, Телекомци? :), и уште Телеком сака да ја лапне оптичката мрежа на МЕПСО (ЕСМ, де) и како капак - препорака Владата да се повлече од Управата на Мактел затоа што телекомот има многу лош имиџ во јавноста (е, ама кој да се откаже од 50 милиони евра исцицани од народот годишно :)
Во четврток ќе се соберат ди еН-Џи-Оу гајз и ќе се отвори нов фронт. Форумот веќе го дава костурот на сајтот - сепак сме интернетџии и револуционери што не функционираат без парно греење и монитор :) Некој ќе каже - кучињата лаат, карванот си врви - ама треба да има кучиња што лаат, иначе кој ќе го мрдне задникот да види што карван врви?
Well, it was fierce for a month, and MT-"nyet" decided to play bunker. Whether you look at it from a soccer or a militaristic strategy point of view - when conducting a siege, it is bound to last long by default. Just one example from the classics - What hapenned beneath the walls of Troy? - The beseigers hang there for 10 years.
How does one fight during a siege? One calls for catapults/cannons, builds siege towers (and on top of them, one lifts catapults/cannons) and they fire rocks/cannon balls. That can be quite monotonous.
However, sometimes one gets help from unexpected sides. Only yesterday (November 14th), A1 TV and the Vest daily published three news about the Telecom: They didn't let some Slovenians to use their infrastructure, and the Slovenians filed a complaint to the European Commission approximatly simultanously with our mass mails - which means that half of the r-Evolutionaries work for the Slovenians, right, Telecom guys? :); another news - MakTel wants to get a hold of the optical cable network of MEPSO (the new electrical distribution company); and on top of that, the EC recommends that the Government should step back from the Telecom Board because MakTel has a very bad image in the public (but who wants to give up 50 mil. euros a year sucked out from people's pockets? :)
On Thursday, November 17th, the NGO guys will have a meeting, and a new front will open. The rEvolution forum (revolucija.forumer.com) has already outlined the upcoming web-site sceleton - we're Internet addicts, what can we do except conduct revolutions cozily warmed up in front of our monitors :) Someone will say - the dogs bark while the caravan is passing by - but there should be watchdogs barking, otherwise who will move their ass to at least see what caravan is passing by?
No comments:
Post a Comment