16 December 2005

Бог ни даде... ќерка :)

И се вика Андријана.

Бидејќи нема поголемо чудо од раѓањето на човек (баш синоќа со жена ми расправавме како се склопува черепот при породувањето, како се затвораат залисците на срцето за да почне да кружи крвта низ телото, како проработуваат белите дробови, црниот дроб и целото чудо на преобразбата на бебето кога излегува од утробата на мајката) - не можам а да не ја поделам радоста тука.

Да ви даде Господ на сите да ја почувствувате радоста на татковството и мајчинството.